петок, 26 јули 2024
Прв одговор по убиството на уште еден човек на Хамас

Хезболах истрела ракети врз израелска база

Либанскиот Хезболах објави дека денеска истрелал десетици ракети врз воена база во северен Израел, наведувајќи дека тоа е прв одговор на убиството на уште еден човек на Хамас во упориштето на шиитската организација во предградие на Бејрут.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот што му се припишува на Израел врз канцеларијата на Хамас во предградие на Бејрут во вторникот вечерта загинаа шест функционери на Хамас, сојузник на Хезболах, вклучувајќи го и неговиот втор човек Салех ал-Арури.

Хамас, Хезболах и либанската влада го обвинија Израел, а американски воен претставник во средата рече дека дефинитивно станува збор за „израелски напад“.

Израел не ја презеде одговорноста за нападот, прв во близина на Бејрут од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас на 7 октомври.

„Како дел од првичниот одговор на атентатот на големиот водач шеикот Салех ал-Арури, исламскиот отпор Хезболах ја гаѓаше воената база за радарско набљудување и воздушна контрола Мерон со 62 ракети од различни типови“, се вели во соопштението на Хезболах.

Израелската војска утрово соопшти дека околу 40 ракети биле истрелани врз областа Мерон од соседен Либан, додавајќи дека израелските сили одговориле со погодување на ќелија одговорна за некои од нападите.

Сирените за предупредување за ракети се огласија во градовите во северниот дел на Израел, додаде израелската војска.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа, Хезболах секојдневно извршува напади врз Израел од Либан, со поддршка на Хамас, неговиот сојузник. Израел возвраќа со гаѓање цели во јужен Либан.

Хезболах напаѓа главно израелски воени позиции во близина на границата.

Во нападите во Либан загинале 175 лица, од кои 129 биле борци на Хезболах и повеќе од 20 цивили, според пресметката на агенцијата Франс прес.

На северот на Израел, според израелските власти, во нападите загинале пет војници и пет цивили.

Водачот на Хезболах, Хасан Насрала вчера изјави дека нападот во вторникот врз нивното упориште е сериозна работа и нема да остане без одговор.

„Одговорот е неизбежен и Хезболах ќе одговори на бојното поле“, предупреди тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ