понеделник, 21 октомври 2024

Хет-трик на Радески, Струга го помина Будуќност во Конференциската лига

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од мечот во Охрид каде имаше само еден гол, во Подгорица дури седум пати се тресеа мрежите, четирипати таа на домаќините.

Струга ТЛ беше подобар тим во првиот меч, па според играта и резултатот влезе како фаворит и во реваншот. Таквата улога ја исполни.

Марјан Радески беше главниот играч на Струга на овој меч, тој даде три од четирите гола на македонскиот шампион. Еден погодок беше дело на Бесарт Ибраими.

Головите за Будуќност ги постигнаа Џуричковиќ, Аџиќ и Секуловиќ.

Струга ТЛ треба да помине уште две квалификациски кола за да стигне до групната фаза од Конференциската лига. Следниот противник им е Есперанж од Лускембург кој го елиминираше ТНС од Велс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ