Фросиноне во осминафиналето го шокираше Наполи на „Диего Марадона“, но денеска немаше простор за ново чудо, Јувентус не дозволи изненадување и славеше со убедливи 4-0 за пласман во полуфинале.
Резултатот беше отворен во 11. минута, Милик од пенал погоди за 1-0. Истиот играч пред крајот на првиот дел зголеми на 2-0 на асистенција на Мекини.
На стартот од второто полувреме веќе беше 3-0, Локатели сервираше топка „на тацна“ а Милик по трет пат ја затресе мрежата и стигна до хет-трик.
По еден час игра во листата на стрелци се запиша и талентираниот Јилдиз, кој постигна нов атрактивен гол, акробатски закачи волеј и ги постави конечните 4-0.