сабота, 27 јули 2024

Хет-трик на Дибала за победа на Рома против Торино (ВИДЕО)

Рома со 3-2 славеше над Торино, а сите три погодоци беа дело на Пауло Дибала кој го постигна првиот хет-трик во дресот на римската волчица.

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен во 42. минута кога Дибала погоди од пенал, но само две минути подоцна Запата даде гол за изедначување на 1-1.

Во 58. минута по асистенција од Кристанте, Дибала постигна нов гол и го врати водството на Рома, сега на 2-1.

Десет минути подоцна Лукаку асистираше до Дибала кој погоди за негов хет-трик и предност од 3-1.

Во 89. минута Торино намали со автогол на Хујсен за поинтересен финиш на мечот, но тоа беше конечниот резултат 3-2 за Рома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ