Резултатот беше отворен во 42. минута кога Дибала погоди од пенал, но само две минути подоцна Запата даде гол за изедначување на 1-1.
Во 58. минута по асистенција од Кристанте, Дибала постигна нов гол и го врати водството на Рома, сега на 2-1.
Десет минути подоцна Лукаку асистираше до Дибала кој погоди за негов хет-трик и предност од 3-1.
Во 89. минута Торино намали со автогол на Хујсен за поинтересен финиш на мечот, но тоа беше конечниот резултат 3-2 за Рома.