сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Хет-трик на Бензема, Реал Мадрид ја победи Алмерија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Серијата погодоци Бензема ја отвори рано, уште во петтата минута погоди по асистенција од Винисиус.

Десетина минути подоцна Бензема реализираше по додавање од Родриго за 2-0, а во 42. минута погоди од пенал за 3-0.

Пред самиот крај на првиот дел, Лазаро постигна гол за Алмерија, со резултат од 3-1 се замина на одморот.

А по две минути игра во вториот дел Родриго постигна гол за 4-1, во 61. минута Робртоне погоди за конечни 4-2.

Претходно Рајо Ваљекано со Столе Димитриевски загуби убедливо со 4-0 на гостувањето кај Елче.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ