недела, 15 декември 2024

Херојот на Логроњес со емотивна исповед: Тато ова е за тебе, се надевам дека си горд!

Младиот дефанзивец на Логроњес, Пол Арнау кој синоќа одбрани пенал против Жирона во Копа дел Реј и помогна за сензационална победа, имаше емотивна исповед и не заборави да го спомне неговиот покоен татко.

Објавено на

часот

Сподели

Четвртолигашот Логроњес вчера приреди огромно изненадување во Копа дел Реј и на пенали ја елиминираше Жирона на нашиот Бојан Миовски.

Херој на домаќините беше 19 годишниот Пол Арнау, кој игра како бек, но во финишот од мечот облече ракавици и застана помеѓу стативите. Во пенал серијата, тој успеа да одбрани еден удар од 11 метри, да го натера Стуани да промаши и го однесе својот тим во следното коло.

По крајот на натпреварот, Пол Арнау излезе со емотивна исповед и го спомна неговиот покоен татко Франсеск Арнау, кој починал во 2021.

„Го имав во мислите мојот татко пред почетокот на пенал серијата, всушност го имав и во текот на пенал серијата, па и потоа“ – вели Пол Арнау.

„Секако дека помислив, „Ова е за тебе тато“. Знам дека ми помагаше. Одиме понатаму благодарејќи на него. Имам ангел во рајот кој ми дава поддршка и кој ми помогна да одбранам пенал“.

„Се надевам дека е горд“.

Франсекс Арнау е поранешен голман на Барселона и Малага, а кога Пол Арнау почнал да игра фудбал, сакал да биде голман исто како неговиот татко, но му било кажано дека самиот треба да одбере позиција на теренот на која ќе биде среќен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ