сабота, 27 јули 2024

Хеликоптерската несреќа во која загина претседателот на Иран предизвикана од „технички дефект“, велат државните медиуми

Причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател е техничка неисправност, објави иранскиот државен медиум, пренесе Вашингтон пост.

Објавено на

часот

Сподели

Тие кратко соопштија дека до несреќата дошло по технички дефект и дека нема знаци за кривично дело.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи загинаа во неделата во хеликоптерска несреќа. Иранската државна агенција првично ги наведе лошите временски услови во областа како причина за несреќата, поради што хеликоптерот се забил во самиот врв на планината. Потоа се запалил, а останал само опашот.

„Хеликоптерот што се урна додека ги превезуваше претседателот и министерот за надворешни работи на Иран го немаше вклучено сигналниот систем или воопшто го немаше тој систем“, изјави претходно турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу.

Уралоглу им рече на новинарите дека со оглед на тоа што Иран паднал во зоната на одговорност на Турција за итни интервенции, властите провериле дали има сигнали од хеликоптерот откако слушнале дека се урнал. „Но, за жал, мислиме дека најверојатно сигналниот систем бил исклучен или хеликоптерот го немал тој сигнален систем затоа што ќе ги видевме тие сигнали, но тие овој пат не беа видливи“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ