сабота, 27 јули 2024

Хеликоптерот на ерменскиот премиер мораше принудно да слета

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека хеликоптерот што го превезувал принудно слетал поради лошите временски услови, инцидентот за среќа не предизвикал жртви.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер непланирано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме патувањето со автомобил“, објави ерменскиот премиер на Фејсбук. Ванадзор, на северот од оваа кавкаска земја, се наоѓа во долина опкружена со планини.

Пашинјан во моментов се соочува со предизвик во неговата земја поради неодамнешното отстапување на четири погранични села на Азербејџан, како и победата на Баку во последните две војни за контрола на енклавата Нагорно Карабах, во 2020 и 2023 година.

Во хеликоптерска несреќа во планински области и тешки временски услови, овој месец, го загуби животот иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој прелетувал над северозападниот дел на Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ