НАСА денеска објави дека нејзиниот роботски хеликоптер за истражување на Марс, Инџенуити, е засекогаш приземјен откако изврши десетици летови на црвената планета во текот на три години, завршувајќи ја историската мисија што ги надмина сите очекувања.
Судбината на Инџенуити беше запечатена кога сликата што пристигна на Земјата на 18 јануари, по 72-риот лет, покажа дека дел од една од лопатките на пропелерот е откорнат, што го прави роботот неспособен за понатамошни операции, објасни НАСА.
A snapshot from Mars showing the damage to Ingenuity's rotor blade sustained during its Flight 72 landing.
The #MarsHelicopter is no longer capable of flight, but we are celebrating its achievements – and its legacy.
Participate here: https://t.co/n0yIdA24Yy pic.twitter.com/VqDruhy3sE
— NASA JPL (@NASAJPL) January 25, 2024
Официјалниот претставник на НАСА, Бил Нелсон, во видеото на социјалните мрежи рече дека „со тага, но со убави спомени, објавуваме дека малечкиот хеликоптер Инџенуити го заврши својот последен лет на Марс“.
Инџенуити леташе над површината на црвената планета 14 пати подолго од очекуваното, покривајќи растојание од 17 километри за време на 72 лета. Неговата најголема висина на лет беше 24 метри. Времето поминато во летање над површината на Марс беше два часа и осум минути.
Вселенското летало Инџенуити, малку полесно од два килограми, отпатува до Марс прикачено на роверот Персевиренс. Неколку месеци по слетувањето, се обиде да лета самостојно.
Роботскиот хеликоптер слета на Марс пред три години, на дното на марсовскиот кратер Језеро, со цел да собере примероци од површината што се очекува да содржат знаци на антички живот и да ги складира примероците за да ги собере некој иден ровер.
Инџенуити за ова имаше на располагање вкупно 43 туби, темелно исчистени од Земјините микроби и органски молекули.
Наликувајќи на кутија со четири ногарки и сонцобран од лопатките на пропелерот и соларните панели, Инџенуити ќе ги живее последните денови во излежување, повремено испраќајќи траги од податоци пред да го изгуби контактот со роверот Персевиренс додека се оддалечува.
НАСА ги слави достигнувањата на тој минијатурен хеликоптер како прототип за новите вселенски летала, кои ќе го истражуваат не само Марс, туку и Сатурновата месечина Титан. Беспилотното летало Драгонфлај се развива врз основа на податоците собрани за време на летовите на марсовскиот хеликоптер Инџенуити.
НАСА го користи она што го научи од хеликоптерот на Марс за да создаде покомплексна летечка машина за истражување на Титан, најголемата месечина на Сатурн.
Инџенуити има еден ротор и е висок само 49 см, Драгонфлај има осум ротори и е со големина на мал автомобил. Тим истражувачи предводени од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џон Хопкинс (АПЛ) во Мериленд ја користи предноста на густата атмосфера на Титан, што ќе го олесни летањето во споредба со многу поретката атмосфера на Марс.