петок, 25 октомври 2024

Хеликоптер се урна врз хотел во Австралија, пилотот загина, гостите се евакуирани (ВИДЕО)

Хеликоптер се урна на покривот на хотел во популарниот туристички град Кернс во северна Австралија, при што загина пилотот, а стотици гости се евакуирани, соопштија денеска властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Службите за итни случаи биле повикани околу 2 часот по полноќ по локално време, откако двомоторен хеликоптер удри во покривот на хотелот, предизвикувајќи пожар на горниот дел од зградата, што предизвика евакуација, се вели во соопштението на државната полиција на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека во тек е форензичка истрага за официјално да се идентификува пилотот кој бил прогласен за мртов на местото на несреќата. „Никој на теренот не е повреден“, се вели во соопштението.

Австралиските медиуми јавија дека несреќата се случила во хотелот Хилтон во градот Кернс, кој е познат како главна почетна точка за посета на Големиот корален гребен.

Две од лопатките на роторот на хеликоптерот паднале, а едната завршила во базенот на хотелот, јавуваат медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ