Нејзиниот противник Доналд Трамп победи во Вирџинија, Северна Каролина, Тенеси, Оклахома, Мејн, Алабама, Масачусетс, Арканзас, Тексас, Колорадо, Минесота и Калифорнија во супервторникот, додека Хејли триумфираше само во Вермонт.
Хејли наскоро ќе го најави повлекувањето.
Одлуката на Хејли да се откаже од претседателската трка уследи по поразот од Доналд Трамп во републиканската трка за номинацијата.
Таа досега победи само на два партиски избори, во Вашингтон и ненадејната победа во Вермонт синоќа.
Додека во раните денови од нејзината кампања Хејли избегнуваше да го навредува Трамп, последниве неколку недели таа подиректно се соочи со својот ривал, тврдејќи дека тој е „ментално растроен“ и несоодветен за функцијата.
Не се очекува по повлекувањето да го поддржи, туку ќе го охрабри да им се посвети на нејзините гласачи, според информациите, вели Би-би-си.