Според податоците од хидролошките станици низ земјава се уште е висок водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар и таму се очекуваат локални излевања на реката, особено во Полог.
Висок е водостојот на Вардар и во Скопје. Зголемен водостој се очекува и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес поради движењето на поплавниот бран. И на реката Треска висок е водостојот.
На останатите водотеци има намалување или стагнација на водостоите во однос на утринските, информираат од ЦУК.