среда, 23 октомври 2024

ХДЗ го осудува користењето усташки симболи, но и идеолошката исклучивост на Милановиќ

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) најостро денес го осуди користењето недозволени усташки симболи и знамиња за време на концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Имотски, но и реагирањето на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ обвинувајќи го за идеолошка исклучивост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Современа Хрватска е заснована на Татковинската војна, универзалните вредности на слободата, владеењето на правото и демократијата, и со тоа е на јасна дистанца од сите тоталитаризми – и нацизмот и фашизмот и комунизмот. Модерна Хрватска, државата на хрватскиот народ и сите нејзини граѓани, не може да се заснова на пропаднати идеологии и недемократски режими“, се наведува во соопштението на ХДЗ.

ХДЗ додава дека „во тој контекст го гледа и новиот испад на кандидатот на Социјалдемократската партија Зоран Милановиќ, кој повторно демонстрираше раскош од лицемерие и идеолошка исклучивост“.

“Додека за мавтањето со југо-комунистичкото знаме не се огласуваше, не сакајќи да им се замери на своите гласачи на ригидната левица, Милановиќ ги искористи непримерните, противзаконски постапки на дел од луѓето во Имотски за да го криминализира целиот собир и повеќе од 20.000 луѓе кои дошле на концертот на (Марко Перковиќ Томпсон) да го прослават Денот на победата и татковинската благодарност“, се наведува.

ХДЗ оцени дека се ближат претседателските избори и дека „Милановиќ по штетниот мандат на Пантовчак очигледно нема што да им понуди на левичарите освен омилените теми за партизаните и усташите и сопствените политички корени, на повторно Хрватска ја дели на „наши и ваши““, пренесуваат хрватските медиуми.

Милановиќ вчера кажа дека во Хрватска повеќе нема место за усташки поздрави, обележја и песни кои го слават режимот на Независна држава Хрватска (НДХ) како тие пред и за време на концертот на Томпсон на 6 август.

„Не смеат да добијат право на јавност без санкции, особено не смеат да останат без реакција на државните институции кои се задолжени за јавениот ред и мир, за почитување на законите“, порача Милановиќ на Фејсбук.

По повод реакцијата на Милановиќ усташкиот пејач Марко Перковиќ Томпсон соопшти дека „нема да престане да ги пее песните од Татковинската војна, да шири љубов кон татковината и да ги величи обележјата и извиците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ