сабота, 27 јули 2024

Хашкиот суд издаде потерници по двајца највисоки руски команданти

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на највисоките руски команданти Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов за наводни воени злосторства во Украина, се вели во соопштението.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот со седиште во Хаг рече дека „постојат разумни основи да се верува дека двајцата осомничени сносат одговорност за ракетните напади врз електричната инфраструктура на Украина, кои силите под нивна команда ги вршеле од најмалку 10 октомври 2022 година до најмалку 9 март 2023 година“.

Судот додаде дека цивилните повреди и штетата од нападот очигледно се прекумерни во однос на каква било очекувана воена корист. Украинските обвинители веќе истражуваа можни воени злосторства по зимската кампања со воздушни напади против енергетската и комуналната инфраструктура на Украина.

Русија негира дека намерно ја гаѓала цивилната инфраструктура во Украина, велејќи дека целта на сите нејзини напади е да ја намали борбената способност на Киев.

Помошник на украинскиот претседател рече дека налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за највисоките руски команданти се „мошне симболични“. „…очигледно е дека овојпат Русија апсолутно нема да може да ја избегне одговорноста за планираните големи воени злосторства“, изјави советникот на претседателот Михајло Подолјак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ