„Сега тие се прават противници и ги клеветат оние од кои барале поддршка во секој изборен циклус. Разочаран сум, но не и очаен, во целост ги демантирам клеветите на Висар Ганиу за наводни закани од моја страна. Жалам за секој обид за валкање на демократските изборни процеси во ДУИ од страна на отуѓените од семејството кое ги создало, ги одгледало и ги донело таму каде што се. Клеветите и оцрнувањето нека им служат на чест, ако воопшто им останало малку чест“, порача преку Фејсбук Хасани.
Партијата се најде повикана да реагира бидејќи „огнените“ побараа лидерот Ахмети да се справи со заканувачите. Од Мала Речица порачаа дека станува збор за клевета.
„ДУИ е првата партија која го спроведе принципот еден член – еден глас, што е најдемократски начин на натревар внатре во партијата. Клеветите со намера да фрлат сенка врз оваа нова политичка вредност во земјава се очајнички обиди сонцето да се покрие со сито. Ги повикуваме регистрираните членови на ДУИ да не станат плен на вакви провокации и да продолжат да работат за непречено одвивање на изборниот процес“, соопштија од ДУИ.
По пријавата од страна на Ганиу, МВР отвори постапка и го извести Јавното обвинителство дека В.Г. пријавил закани од страна на М.Х.