петок, 24 јануари 2025

Хајрулахи: Коцевски, Бубевски, Фетаи, Стефанова, Јовески… се дел од обвинителска мафија (ВИДЕО)

Десетина луѓе, главно обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ги влечат конците во правосудниот систем во Македонија, тврди суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи во поткастот на Плусинфо. Во интервјуто тој ги споменува обвинителите љупчо Коцевски, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Љубомир Јовевски, Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов и други. Хајруалхи тврди дека овие десетина обвинители вршат притисоци и ги контролираат предметите поврзани со корупцијата на претходната власт и го контролираат Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Одговорно тврдам дека огромното мнозинство обвинители, 99 отсо, чесно и одговорно си ја вршат на работата. Но, една група моќници, која е инсталација на поранешната власт, врши притисок врз сите обвинители, посебно за предметите од интерес на поранешната власт. Таа структура е мафија во јавнообвинителскиот систем“, тврди Хајрулахи.

Тој прашува дали е коинциденција тоа што директорот на Државна лотарија, Прпарим Бајрами против кој е распишана потерница и за кого се води истрага, избега од Македонија тогаш кога надлежниот обвинител Гаврил Бубевски „имаше дијареа и не го работеше предметот како што треба да се работи“.

Во обвинителството не може да има случајности. Тие во обвинителството се исклучуваат. Не може да биде случајна недостапноста на поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, вели Хајрулаи.

„Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција имаше предмет од 2021 година. И за него се носеше решение за отфрлање на пријавата без никакво образложение и доаѓаше кај нас во Вишото обвинителство по жалба. Вишиот обвинител на основниот јавен обвинител му даваше точни напатствија што треба да прави во тој предмет, за да се расчисти случајот, за да видиме дали имало кривично дело или не“, вели Хајрулахи.

Според него, во случајот „Крмзов“, а се однесува на затајување данок, направени се грешки во постапувањето.

„Самиот прв човек на Јавното обвинителство, Љупчо Коцевски рече дека за овој случај немаат докази. Кога првиот човек ќе го каже тоа со таква лесностија, сметајте дека тој предмет е пропаднат“, вели Хајрулахи.

Тој тврди дека десетина луѓе, главно обвинители од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ги влечат конците во правосудниот систем во Македонија.

„Жалам што веројатно ние сме еднинствена земја на светот во која понискиот го контролира повисокиот обвинител“, вели Хајрулахи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ