четврток, 17 октомври 2024

Харис смета дека Трамп е фашист: Да, можеме да го кажеме тоа

Камала Харис призна дека го смета Доналд Трамп за фашист во својата најдиректна изјава до сега, претставувајќи го својот противник за местото американски претседател како потенцијален автократ со авторитарни визии, пренесува Гардијан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и кандидатка на демократите за претседател минува со својата кампања низ Детроит, центарот на борбата меѓу двата кандидати за клучната сојузна држава Мичиген. Таа таму разговарала со Шарламејн Та Год, влијателен радио водител со околу осум милиони слушатели месечно, главно црнци.

Таа во едночасовното интервју првично внимателно им порача на гласачите дека имаат два избори и дека тоа се „две многу различни визии за нашата нација“, пред да ја даде нејасната дефиниција за својата визија.

Водителот потоа ја праша дали визијата на нејзиниот ривал е фашизам, на што таа одговори: „Да, можеме тоа да го кажеме“.

Ова е првпат Харис јавно да го прифати користењето на зборот фашист за да го опише Трамп и неговите планови за управување со државата.

Коментарите на демократската кандидатка отидоа значително подалеку од нејзиниот претходен напад на реториката на Трамп, кога го нарече „нестабилен и надвор од контрола“ и „опасен“, во одговорот на неговото означување на демократските противници како „внатрешни непријатели“. Трамп заговара и користење на војската против противниците кои ги обвини за планирање на „хаос“ на денот на изборите, иако како опозициски кандидат нема моќ тоа да го направи.

Неодамна објавената книга на новинарот Боб Вудворд го цитира пензионираниот американски началник на здружениот генералштаб, генералот Марк Мили, кој кажа дека Трамп е „тотален фашист“ и „фашист до срж“.

Кампањата на Трамп веднаш ги осуди изјавите на Харис како поттик за најинтензивните критичари на Трамп да се обидат да го убијат, што е тврдење кое поддржувачите на поранешниот американски претседател често им го упатуваат на демократите поради тоа што го претставуваат како закана за демократијата.

„Ова е видот на одвратна реторика која доведе до два обиди за убиство на претседателот Трамп“, соопшти штабот на Трамп на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ