среда, 18 септември 2024

Харис: На гласачите сепак им должиме уште една дебата

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис изјави на партиски митинг во Северна Каролина, една од американските сојузни држави клучна за исходот од ноемвриските избори, дека верува дека на гласачите им должат уште една дебата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неколку истражувања на јавното мислење покажаа дека Харис го надмина републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во првата претседателска дебата.

Трамп најави дека нема да учествува на друга претседателска дебата.

„Кога борец ќе загуби натпревар, првото нешто што го бара е реванш. Анкетите јасно покажуваат дека во вторникот вечерта победив во дебатата против мојата пријателка Камала Харис – кандидатот на радикалната левица на демократите. Таа веднаш повика на нова дебата“, напиша поранешниот претседател на социјалната мрежа Трут, обвинувајќи ја актуелната администрација за лошата состојба во државата.

„Нема да има трета дебата“, нагласи републиканскиот кандидат, иако имаше повици да се одржи уште една дебата за еден месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ