Баерн Минхен на најдобар начин се опорави по шокантниот пораз од третолигашот Сарбрикен во Купот на Германија, вечерва избраниците на Томас Тухел славеа со 0-4 на гостувањето кај Борусија Дортмунд.
Мечот беше решен по само десетина минути игра, Упамекано погоди за водство од 0-1 во 4. минута, а Левандовски зголеми на 0-2 во 9. минута.
Во продолжението од мечот, Англичанецот се запиша во листата на стрелци уште два пати за хет-трик и историја.
Ниту еден играч во историјата на Бундеслигата не постигнал 15 гола во своите први 10 натпревари, па Хари Кејн ќе биде запишан во рекордите.