сабота, 27 јули 2024
Напаѓачот ја одредил следната дестинација

Хари Кејн сака трансфер во само еден клуб, подготвен е да чека една година и беспари да се пресели

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн е под договор со Тотнем до јуни 2024 година и се очекува летоска да направи трансфер, „спарси“ преферираат да го продадат на клуб од странство.

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата, а во последно време и Реал Мадрид е „на готовс“ откако Карим Бензема доби годишна плата од 100 милиони евра за преселба во Саудиска Арабија.

Сепак, според пишувањата на Сан, Хари Кејн има мала желба да ја напушти Англија, напаѓачот сака да го собори голгетерскиот рекорд на Алан Ширер во Премиерлигата.

Весникот исто така додава дека Хари Кејн го идентификувал Манчестер јунајтед како следната дестинација. Тој од почит кон Тотнем не сака да се пресели во локални ривали како Арсенал и Челси, Манчестер Сити и Ливерпул во моментов не се во потрага на нов напаѓач а Њукасл не е доволна атрактивна опција.

Доколку Даниел Леви одбие да го продаде (се шпекулира со сума од 100 милиони фунти), Хари Кејн е подготвен да почека една година и беспари да се пресели на Олд Трафорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ