сабота, 27 јули 2024
Примамлив предлог за „кралевите“

Хари Кејн понуден на Реал Мадрид, и тоа во шокантнa трампа со Еден Азар?!

Објавено на

часот

Сподели

Хари Кејн е под договор до јуни 2024 година, па ова лето е последна шанса Тотнем да заработи од негова продажба.

Неколку клубови од „островото“ се подготвени да достават понуди, но првиот човек на „спарси“, Даниел Леви преферира напаѓачот да биде продаден во странство наместо на ривал од Премиерлигата.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека посредници стапиле во контакт со Реал Мадрид и презентирале можност „кралевите“ да го ангажираат Хари Кејн.

Предлогот е прилично примамлив, Реал Мадрид не само што ќе добие квалитетен напаѓач, ќе има и можност да се раздели со Еден Азар, фудбалерот од Белгија треба да биде дел од зделката за „кралевите“ да платат помалку пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ