сабота, 27 јули 2024

Хап: Сѐ е полесно кога имате плејмејкер како Димитријевиќ

Американскиот кошаркар во македонската репрезентација, Итан Хап го испофали Нено Димитријевиќ по победата во Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија одигра фантастичен меч во Полска и се враќа со триумф од 96-71. Нено Димитријевиќ имаше брилијантна партија, беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот.

Пофалби стигнаа и од Хап кој брзо се прилагоди во нашата селекција и стана клучен играч.

„Селекторот одлично нѐ подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, треба само да му ја додадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа“, вели Хап.

„Како што рече и селекторот, секој кој се појави на теренот имаше удел во денешната победа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ