сабота, 27 јули 2024

Хап: Ќе мора да се бориме за секоја топка за да ја победиме Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот гостува на Полска во меч од второто коло од квалификациите за настап на Европското првенство 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија беше поразена од Естонија во првиот меч, па сега ќе се обидеме против Полска да оствариме поволен резултат.

Полска како ко-домаќин на Европското првенство автоматски е пласирана на шампионатот, па за неа мечевите од квалификациите немаат посебно резултатско значење.

Еден од најголемите адути на селекторот Јончевски е Американецот Итан Хап кој се покажа во одлично светло против Естонија.

„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен. Ќе мораме да се бориме за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат. Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“, вели Хап.

Во исто време, од 18 часот се игра и вториот меч од нашата група, дуелот меѓу Естонија и Литванија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ