сабота, 27 јули 2024

Хаос во Москва: Полицијата приведе десетици лица поради протести против воената мобилизација

Руската полиција денеска во центарот на Москва приведе неколку десетици лица, поради учество на протест против воената мобилизација за потребите на војната во Украина.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Порталот ОВД-Инфо, кој известува за слободата на собирање во Русија, наведува дека најмалку 27 членови на група која собира жени на мобилизирани војници биле приведени од полицијата во близина на Кремљ додека лежеле на цветната уличка во близина на споменикот на Непознатиот војник, пренесува Ројтерс.

Повеќето од уапсените се новинари. Некои од уапсените подоцна биле ослободени.

Движењето на жени на мобилизирани војници во Русија е сè поголемо. Тие бараат враќање на нивните сопрузи, синови и браќа од фронтот, откако тие беа мобилизирани по декретот на претседателот Владимир Путин во септември минатата година, според Ројтерс.

Московското обвинителство соопшти дека протестот не бил координиран со надлежните органи и се сметал за нелегален собир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ