сабота, 27 јули 2024
Победата е доделена на Партизан кој е на победа до место на фајнл-фор

Хаос во Мадрид, мечот меѓу Реал и Партизан е прекинат поради жестока тепачка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Партизан го надигра Реал Мадрид на негов терен, но мечот се прекина поради голем инцидент кој се случи на минута ипол до крајот.

Инцидентот почна кога Љуљ направи намерен фаул врз Пантер кој реагираше жестоко на ударот, но успеа да се смири и да не го удри противникот. Веднаш дотрча Јебуселе и настана хаос.

Најужасниот потег го имаше Јебуселе кој го фати Ексум за врат и го преврте на паркетот.

Судиите го разгледуваа инцидентот и одлучија мечот да биде прекинат. Победата е доделена на Партизан. А поединечни санкции за кошаркарите дополнително ќе бидат објавени.

Партизан води со 2-0 во серијата против Реал Мадрид, следниот меч се игра во вторник во Белград.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ