недела, 19 мај 2024

Хаос во Атина: судир на пропалестински демонстранти и полицијата (ВИДЕО)

Во Атина денес дошло до судир на пропалестински демонстранти и полицијата, јавува Катимерини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Немирите се случиле кога некои од околу 1.000 демонстранти се обиделе да се качат на оградата на египетската амбасада, на плоштадот Синтагма во главниот град на Грција.

Полицијата за разбивање демонстрации користела пендреци, солзавец и шок-бомби за да ги потисне демонстрантите и формирала кордон пред амбасадата.

Неколку минути претходно бил употребен солзавец кога демонстрантите се обиделе да се приближат до Гробот на незнајниот јунак, пред зградата на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ