Демонстрантите денес протестираа на централните улици на грчката престолнина носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не за приватизацијата на јавното образование“.
Greek students clash with police in Athens during protest against government plan for private universitieshttps://t.co/xe8fPo4x8P
🎥: Costas Baltas pic.twitter.com/e4AHtrt0Ci
— Anadolu Images (@anadoluimages) February 1, 2024
Припадници на групата која се издвоила од масата демонстранти ги нападнале полицајците кои потоа, според официјалното соопштение, одговориле со солзавец, пренесува Ројтерс.
Подоцна локалните медиуми пренесоа дека контејнери за ѓубре се запалени во атинскиот кварт Егзархија, кој е популарен меѓу студентите.
Грчкиот парламент овој месец ќе гласа за нацрт закон за реформа на образованието изработен од конзервативната влада на премиерот на земјата Киријакос Мицотакис, а со кој ќе биде отворена вратата за формирање установи кои ќе работата како гранки на странски универзитети.
Студентите пред една недела веќе протестираа низ центарот на Атина, за да се спротивстават на плановите на грчката конзервативна влада, кои, доколку се остварат, според критичарите, ќе ги обезвреднат дипломите од грчките јавни универзитети и дополнително ќе го намалат државното финансирање на јавните високообразовни установи.