сабота, 27 јули 2024
Втор ден избори

Хаос на некои изборни места во Русија, луѓе фрлаат молотови коктели (ВИДЕО)

Уапсени се повеќе Руси што полеале мастило во гласачките кутии, а жена од Санкт Петербург фрли молотов коктел на избирачко место.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските гласачи утрово почнаа да излегуваат на гласање, за тридневните претседателски избори, кои сигурно ќе му донесат на Владимир Путин уште еден шестгодишен мандат на власт бидејќи нема вистински противници.

Гласањето во најголемата држава во светот почна со отворање на избирачките места на рускиот Далечен Исток, а дел од граѓаните решија да го бојкотираат изборниот процес. На социјалните мрежи се појавија видеа од палење гласачки кутии, кабини и ливчиња, експлозии, па дури и фрлање молотови коктели на избирачките места.

Изборите во земјата што опфаќа 11 временски зони ќе траат до недела навечер, кога последните избирачки места во Калининград на Балтичко Море ќе се затворат во 20 часот по локално време.

Веднаш потоа се очекуваат првите прогнози за резултатите. Руските државни агенции за истражување на јавното мислење веќе прогнозираа дека 71-годишниот Путин, кој е на власт речиси четвртина век и бара петти мандат, ќе добие повеќе од 80 отсто од гласовите. Тоа за него би било најголемиот резултат во историјата.

Путин има тројца формални соперници, што на изборите им дава привид на веродостојност. Но тие не само што немаат шанси, туку имаат и политички ставови наклонети кон Кремљ и обично го поддржуваат Путин.

На кандидатите што се изјаснија против војната во Украина им беше забрането да се кандидираат.

Вчера беа регистрирани неколку инциденти. На пет избирачки места имало обиди за вбризгување мастило во гласачките кутии, на повеќе избирачки места имало обиди за палење гласачки кутии. Руските закони пропишуваат затворски казни до пет години за такви злосторства.

Она што ги карактеризира овие избори се високите безбедносни мерки. Тие се присутни и на самите избирачки места, се вршат повеќекратни проверки за да може да се гласа. Причини за тоа секако има со оглед на тоа што од утрото во повеќе области е во сила воздушна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ