петок, 25 октомври 2024

Хантер Бајден барал помош од американски амбасадор за украинската компанија Бурисма, потврди адвокатот

Како дел од напорите за започнување на геотермалниот проект за украинската компанија Бурисма, во која тој беше член на одборот на директори, Хантер Бајден стапил во контакт со американскиот амбасадор во Италија во 2016 година, во периодот кога неговиот татко Џозеф Бајден беше потпретседател на САД, објавија американските медиуми, повикувајќи се на достапната документација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хантер Бајден, син на претседателот Џо Бајден, побарал помош од амбасадорот на САД во Италија во 2016 година за да му организира деловен состанок во име на Бурисма за потенцијален енергетски договор, според неговиот адвокат.

Неговиот адвокат, Аби Ловел, денеска за Ројтерс изјави дека Хантер Бајден и другите побарале од амбасадорот Џон Филипс и од другите дипломатски претставници на САД во Италија да ги запознаат со претседателот на италијанскиот регион Тоскана, каде што компанијата размислувала за проекти.

Ова прв го објави Њујорк тајмс, а се случило кога Џо Бајден беше потпретседател.

Во изјавата за Еј-би-си њуз во вторникот вечерта, Аби Лоуел, адвокат на Хантер Бајден, за писмото на Хантер Бајден до Филипс рече дека барал „едноставно запознавање“ како „нормална и соодветна практика“.

„Не се случи ниту една средба, ниту еден проект не беше остварен, никогаш не беше побарано ништо за во САД, а беше побарано само запознавање во Италија“, рече Лоуел.

Њујорк тајмс објави дека обезбедил записи поврзани со барањето на Хантер Бајден по долгата правна битка со Стејт департментот.

Тајмс, исто така, објави дека претставник на Стејт департментот рекол дека времето на објавување на овие конкретни документи, само неколку недели откако Џо Бајден ја заврши својата претседателска кампања, е случајност.

Неименувано лице вклучено во овие напори, исто така, потврди дека проектот никогаш не се реализирал. Не е познато дали американската амбасада во Италија презела некакви чекори во име на Бурисма, а Хантер Бајден не е обвинет за кршење на федералните закони за странско лобирање.

Републиканците изнесоа недокажани тврдења дека претседателот Бајден, неговиот син Хантер и другите членови на семејството се вмешани во финансиски измами, но Белата куќа го негира тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ