недела, 20 октомври 2024

Хансер Микел Родригез потпиша за Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Кубанскиот ракометар стави потпис на двегодишен договор со РК Вардар.

Хансер Микел Родригез е четвртото официјално засилување за Вардар досега, тој веќе ги одработува тренинзите со остатокот од тимот.

Младиот Родригез може да игра на повеќе позиции, тој е лев бек, може да настапува и како лево крило и среден бек.

Родригез беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч на последниот шампионат во април за земји во развој, каде Куба стана првак. Родригес беше петти стрелец на шампионатот и успеа да постигне 27 погодоци, од 34 удари, и имаше одлична реализација од 80 отсто.

Иако е млад, тој веќе неколку години игра во Европа и на 18 години од Куба се пресели во Португалија каде играше за Спортинг Лисабон. Со тој тим дебитираше и во Лигата на Европа, а потоа беше дел од составите на Портимоненсе и на Брага.

За првиот и вториот тим на Спортинг има одиграно 27 натпревари и постигна 63 погодоци, додека за Брага минатата сезона на 28 меча да де 86 гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ