четврток, 26 декември 2024

Хансен ја завршува кариерата, последниот настап ќе му биде на Олимписките игри

Данската ракометна ѕвезда, Микел Хансен ги игра последните месеци од својата играчка кариера, неговиот последен настап ќе бидат Олимписките игри во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Микел Хансен денеска на прес-конференција ѝ се обрати на ракометната јавност и ги потврди најавите за пензионирање по крајот на оваа сезона.

„Веќе речиси 20 години имам привилегија да живеам од спортот кој го сакам. Ги претставував некои од најголемите клубови во светот. Секогаш велев дека сакам да престанам оној ден кога веќе нема да имам радост и посветеност. Уште имам, но мислам дека дојдов до момент каде можам да почувствувам дека постојат и други работи кои ме привлекуваат. Поради тоа чувствувам дека ова лето е совршено за крај на кариерата. Секогаш ќе имам љубов кон спортот. Мислам дека тоа никој не може да го доведе во прашање“, изјави Хансен.

Во својата кариера со репрезентацијата на Данска, Хансен ги освои сите големи натпреварувања, но од клупските трофеи му недостасува тој од Лигата на шампионите.

36-годишниот Хансен го носеше дресот на ГОГ, Барселона, АГ Копенхаген, ПСЖ каде се задржа цели десет години и Алборг кој ќе биде негов последен клуб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ