Тогаш Мерцедес во последниот круг ја загуби титулата откако беше престигнат од Макс Ферстапен по контроверзната одлука на тогашниот директор на ФИА, Мајкл Маси да ја пушти трката и да дозволи Макс да ги помине возилата кои доцнеа за цел круг.
Холанѓанецот ја искористи ситуацијата и на нови гуми го помина Хамилтон. Од тогаш почна неговата доминација која трае и денес.
„Дали сум ограбен? Јасно е дека сум. Сите знаете што се случи. Ми помогна тоа што мојот татко беше со мене во тој момент кој ми рече дека морам да одам со крената глава и покрај сѐ“, рече Хамилтон.
„Му честитав на Макс, знаев дека сите гледаат во мене. И понатаму чувствувам болка кога ќе ја видам таа трка, но можам да се носам со тоа“.