сабота, 27 јули 2024

Хамас во Москва: Русија посредува на Блискиот Исток

Раскараните палестински групи се сретнуваат оваа недела на разговори во Москва. Русија сака тие да се обединат и потенцијално да се ослободат повеќе заложници. Но, дури и ако тоа не се случи, Москва има корист.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставниците на различните палестински групи во Москва ќе разговараат за војната на Израел против Хамас, но и за други блискоисточни теми во рамки на „интерниот палестински дијалог“, пишува Дојче веле.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов за руската државна агенција ТАСС кажа дека на конференцијата, која почнува на 29 февруари и ќе трае два до три дена ќе учествуваат 12 до 14 палестински организации.

Тоа ги вклучува и претставниците на политичкото крило на Хамас, палестински Исламски џихад, потоа Фатах (политичка организација која управува со окупираниот Западен брег) и Палестинската ослободителна организација (ПЛО) која е главна организација за палестинските групи.

Различните групи имаат различни ставови за теми како на пример дали треба да се признае Израел како држава. ПЛО во 1993 го призна Израел – делумно и во замена за можна палестинска држава. Хамас, кој не е дел од ПЛО, тоа го отфрла со години, иако нивната реторика од неодамна е омекната.

Во минатото имаше и насилство меѓу палестинските групи. Откако Хамас победи на изборите во Газа во 2006 година, не е постигнат договор за поделба на власта со поумерениот Фатах и почнаа конфликти. Фатах на крајот го напушти Појасот Газа, оставајќи го Хамас на власт, а тој сега управува со Западниот брег. Властите на Фатах таму се нарекуваат палестински власти или палестински автономни власти.

Русија веќе долго одржува врски со палестинските милитантни групи, а нејзините контакти со Хамас веќе доведоа до извесен успех. Во октомври заменик министерот за надворешни работи на Русија и специјален претставник на претседателот Владимир Путин за Блискиот Исток Богданов им предаде на политичките претставници на Хамас во Катар список на грабнати Израелци со руско потекло или со двојно државјанство и побара да се пуштат на слобода.

Рони Кривој, руски Израелец, Хамас го ослободи на 26 ноември, заедно со уште 13 Израелци кои беа пуштени на слобода во рамки на привременото примирје околу кое посредуваа Катар и САД. Како што тогаш забележа Вашингтон пост, Кривој е „првиот возрасен маж со израелски пасош кој е ослободен, иако размените подразбираа главно жени и деца“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ