сабота, 27 јули 2024

Хамас тврди дека нуделе ослободување на уште двајца заложници, Израел одбил да ги прими

Ослободување на израелски војници кои се наоѓаат меѓу заложниците во Појасот Газа може да биде испреговарано само по војната, кажа портпаролот на Хамас. „За ова прашање нема да се расправа сè додека не заврши израелската агресија на Појасот Газа и воопшто палестинскиот народ“, кажа Осама Хамдан, кој живее во Либан.

Објавено на

часот

Сподели

Хамас сака да постигне ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори. Околу прашањето на заложниците, кои Хамдан ги опиша како „гости“, Хамас е во контакт со неколку земји, вклучувајќи ги Египет, Катар, Турција, Кина, и Русија, додаде тој. На Хамас му е во интерес грабнатите да се вратат во своите земји, истакна тој. Тоа, меѓутоа, зависи од „безбедносните околности“.

Хамас тврди дека милитантната група сакала да ослободи уште двајца заложници од „хуманитарни причини“. Абу Убаида, портпаролот на бригадите Из ел Дин ал Касам, соопшти дека вчера го известиле Катар дека сакаат да ги ослободат заложниците. Засега нема реакција на Израел и Катар на ова тврдење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ