четврток, 26 декември 2024

Хамас соопшти дека 70 лица загинале во израелски воздушен напад врз кампот Ал-Магази (ВИДЕО)

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека во израелски воздушен напад загинале најмалку 70 луѓе во бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на појасот.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот рече дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми со оглед на големиот број семејства кои живеат во областа.

Израелската војска изјави за Би-би-си дека ги разгледува извештаите за нападот.

Во меѓувреме израелски и арапски медиуми известуваат дека Египет, кој се граничи со Појасот Газа, дал нов предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Десетици повредени луѓе биле итно пренесени од Магази во блиската болница Ал-Акса, при што на снимката се гледаат лицата на некои деца покриени со крв и ќеси со тела натрупани надвор, наведе Би-би-си.

Министерството за здравство соопшти дека три куќи биле погодени во нападот доцна во неделата.

Според портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра, густо населен станбен блок бил уништен.

Палестинската Црвена полумесечина вели дека „интензивните“ израелски воздушни напади довеле до затворање на главните патишта меѓу Магази и два други бегалски кампа, Ал-Буреиџ и Ал-Нусеират, „попречувајќи ја работата на амбулантите возила и спасувачките тимови“.

Во изјава за Би-би-си, израелската војска соопшти дека добила „извештаи за инцидент во кампот Магази“.

„И покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, ИД (Израелските одбранбени сили) се посветени на меѓународното право, вклучително и преземање можни чекори за минимизирање на штетата на цивилите“, се додава.

Според Министерството за здравство, повеќе од 20.000 луѓе се убиени – главно деца и жени – и 54.000 лица се повредени во Газа од 7 октомври, кога Хамас и други палестински групи го нападнаа Израел, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи околу 240 заложници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ