сабота, 27 јули 2024

Хамас: САД ставија зелено светло за Израел да убие уште Палестинци

Палестинската милитантна група Хамас денеска ја осуди одлуката на САД, кои ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, велејќи дека израелската окупација има за цел „убивање и раселување“ на Палестинците.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Џо Бајден и неговата администрација имаат директна одговорност за фактот што не беше усвоена резолуцијата за прекин на огнот во Газа. Американската позиција се смета за зелено светло за окупаторот да изврши повеќе злосторства и да го убие нашиот невин народ преку бомбардирање и гладување“, се вели во соопштението на Хамас, според Ал џезира.

Соединетите Држави денеска повторно ставија вето на предложената резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации за итен прекин на огнот во Појасот Газа, по трет пат откако избија борби околу таа палестинска енклава на 7 октомври.

Од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН, 13 гласаа за предложената резолуција поднесена од Алжир, додека Велика Британија се воздржа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ