сабота, 27 јули 2024

Хамас: Русија може да ги заштити Палестинците, Американците работат со Израел

Басем Наим, водечки член на политичкото биро на Хамас, изјави дека војната во Газа ја води заедничка команда на палестинските трупи во опколената крајбрежна енклава, а не само Хамас и изрази загриженост поради американскиот план за изградба на пристаниште во Газа, за кое предупреди дека Израелците би можеле да искористат за да извршат уште повеќе воени злосторства врз палестинскиот народ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави планираат да изградат морско пристаниште во Газа, што наводно е идеја која потекнува од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за, повторно наводно, да се олесни испораката на хуманитарна помош.

Наим вели дека за тоа би бил потребен стабилен прекин на огнот: „Како да се дистрибуира помошта додека Израелците продолжуваат да пукаат?“, и предупредува дека „постојат начини ова пристаниште да се користи за други цели“.

Тој, од една страна, смета дека пристаништето би можело да биде позитивен чекор, „но, истовремено, зошто се комплицира? Најкраткиот и најлесниот начин е да се обврзе Израел да ги отвори сите копнени премини и да им дозволи на меѓународните тела, вклучувајќи ја УНРВА, слободно да работат на терен“, вели Наим.

Кога вели дека пристаништето може да се употреби „за други цели“, тој вели дека може да се „искористи за американско присуство тука“. „На пример, ова би можело да биде дел од долгорочен план за контрола, од страна на Американците и Израелците, на морскиот брег и фиксна линија од запад кон исток“.

Кога станува збор за ставот на Русија кон војната во Газа, Наим верува дека Русија може да игра главна улога во заштитата на Палестинците на глобалната сцена и во постигнувањето договор меѓу различните палестински фракции.

„Русија е суперсила и затоа е клучна во палестинско-израелскиот конфликт. Русија е една од постојаните членки на Советот за безбедност, вклучена во различни области од овој регион и затоа може да помогне во многу случаи – политички и дипломатски“, смета функционерот на Хамас.

Тој вели и дека Русија е важна во заштитата на Палестинците воопшто, бидејќи во Советот за безбедност може да ги блокира американските планови „да се поткопаат Палестинците и нивниот отпор“.

Кога станува збор за Соединетите Американски Држави и нивната улога во конфликтот во Газа, Наим вели дека „има многу американски офицери кои ги планираат и спроведуваат одлуките на воениот кабинет“ и „им обезбедуваат воена разузнавачка помош“ на Израелците и така им помагаат „да ги остварат своите цели“.

„Повеќето оружје кое се користи за убивање на жените и децата во Појасот Газа е американско оружје“, вели тој, додавајќи дека Американците зборуваат за хуманитарна помош додека Палестинците се соочуваат со глад, „но не успеваат да извршат притисок врз Израел и би можеле да го прекинат сето ова ако сакаат, но не го прават тоа и зборуваат за привремен прекин на огнот само за потребите на претстојните избори“, заклучува Наим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ