сабота, 27 јули 2024

Хамас предложи план за крај на војната во три фази

Хамас достави своја понуда за прекин на огнот во Газа на четири и пол месеци кој би довел до крај на војната, како одговор на минатонеделниот предлог кој го дадоа катарските и египетските посредници со поддршка од Соединетите Американски Држави и Израел. Според нацрт документот во кој Ројтерс имал увид, контрапонудата на Хамас предвидува три фази, од кои секоја би траела по 45 дена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во предлогот на исламистичката група вклучена е и размена на израелските заложници грабнати на 7 октомври за Палестинци затворени во израелски затвори. Се спомнува и обнова на Газа која би требала да почне веднаш, целосно повлекување на израелските сили и размена на телата и посмртните остатоци.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна синоќа во Израел по средбата со катарските и египетските посредници во преговорите меѓу Израел и Хамас во досега најсериозниот дипломатски обид за воспоставување продолжено примирје. Деталите на понудата на Хамас претходно не беа објавени.

Според предлогот на Хамас, сите израелски заложници, момчињата под 19 години, старите и болните би биле разменети во текот на првите 45 дена во замена за палестинските жени и малолетници во израелските затвори. Преостанатите машки заложници би биле ослободени во втората фаза, а посмртните остатоци од убиените заложници би биле разменети во третата фаза. До крајот на третата фаза Хамас очекува двете страни да склучат договор за прекин на војната.

Групата која владее со Газа во предлогот наведува дека сака ослободување на 1.500 затвореници, од кои третина би биле одбрани од листата на Палестинци осудени на доживотен затвор.

Примирјето исто така би требало да овозможи засилување на доставувањето на храна и друга помош во Газа.

Израел ја почна воената офанзива во Газа по упадот на Хамас на 7 октомври. Израелските сили досега убиле 27.585 Палестинци во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ