четврток, 30 мај 2024

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на оруженото крило на Хамас, бригадата Ал Касам, повика на ескалација на сите фронтови, во говор кој го пренесе телевизијата, по повод 200-те дена од почетокот на војната на Израел против Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во снимката која ја објави Ал џезира, Абу Убаида го пофали иранскиот напад на Израел на 13 април, кажувајќи дека директните напади со дронови и проектили „одредија нови правила, повлекоа важни паралели и го збунија непријателот и оние кои стојат зад него“.

Повика на ескалација на Западниот брег и во Јордан, нарекувајќи го „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене гласот“, кажа тој.

Абу Убаида кажа дека останува на барањата кои ги изнел на преговорите за прекин на огнот, односно Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили оф Појасот Газа, да им дозволи враќање на раселените во северниот дел на Газа и да ја укине блокадата.

Во меѓувреме, Израел денес ги интензивираше нападите низ Појасот Газа, порачаа жителите, додавајќи дека станува збор за едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Војската нареди нови евакуации на северот на палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ