сабота, 27 јули 2024

Хамас ослободи две заложнички со посредување на Катар

Портпаролот на оруженото крило на Хамас Бригадите Из ел Дин ал Касам, Абу Удаиб, кажа дека државјанки на Соединетите Американски Држави – мајка и нејзина ќерка (Џудит и Натали Ранан) – се ослободени „од хуманитарни причини и за да им докажат на американскиот народ и светот дека „тврдењата на (американскиот претседател Џо) Бајден и неговата фашистичка администрација се лажни и неосновани“.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа постапка на групата е одговор на посреднички напори на Катар, кажа Абу Убаида, пренесува Ројтерс. Информацијата за ослободувањето на заложничките ја потврди и Израел.

Хамас претходно соопшти дека има 200 заложници и дека уште 50 држат други оружени групи во енклавата. Во соопштението се наведува дека повеќе од 20 заложници се убиени во израелските воздушни напади, но не се соопштени други детали.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ