Додека Црвениот крст ги преземаше војниците, толпата ечеше.
„Четирите заложнички во моментов се придружувани од специјалните сили на ИДФ и силите на ИСА при нивното враќање на израелска територија, каде што ќе им биде извршена првична медицинска евалуација“, објавија тие на Икс.
„Командантите и војниците на Израелските одбранбени сили ги поздравуваат и пречекуваат заложничките кои се враќаат дома во Израел“, додаваат тие, барајќи да се почитува приватноста на заложниците и нивните семејства.
Watch the moment Hamas handed over four Israeli female captives to the International Committee of the Red Cross at Palestine Square in Gaza City. pic.twitter.com/quKsYCM6c5
— Al Jazeera English (@AJEnglish) January 25, 2025
Во замена за нив ќе бидат ослободени 200 палестински затвореници.
Четирите војници биле стационирани на посматрачница на работ на Газа и биле киднапирани од борците на Хамас кои ја зазедоа нивната база за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Ова е втора размена на затвореници од почетокот на прекинот на огнот, при што Хамас претходно предаде тројца израелски цивили во замена за 90 палестински затвореници.
Договорот за прекин на огнот, постигнат по неколкумесечни преговори со посредство на Катар и Египет и поддржан од Соединетите Држави, ги прекина борбите за прв пат по еднонеделниот прекин на огнот во ноември 2023 година.