понеделник, 20 јануари 2025

Хамас: Народот на Газа повторно ќе се крене и ќе го обнови она што окупаторот го уништи

Хамас, палестинската милитантна група што ја контролира Газа од 2007 година, вети дека Газа и нејзиниот народ „ќе се кренат повторно“ и ќе ја обноват територијата, која во голема мера е уништена од израелските напади.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Газа, со својот голем народ и издржливост, повторно ќе се крене за да го обнови она што окупацијата го уништи и ќе продолжи по патот на истрајноста додека окупацијата не биде поразена. За 471 ден, систематските злосторства на окупацијата не успеаја да го одвратат нашиот народ и неговата храбра отпорност од приврзаноста за нивната земја и соочувањето со агресија“, се вели во соопштението на Хамас објавено на вториот ден од прекинот на огнот со Израел.

Според здравствените власти во Газа, повеќе од 46.000 Палестинци се убиени во израелските напади, додека во постојаното бомбардирање се уништени училишта, болници и друга инфраструктура, вклучително и патишта.

Новоименуваниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, вчера предупреди дека САД ќе го поддржат Израел доколку Хамас го прекрши договорот за прекин на огнот во замена за заложници.

Тој во интервју за програмата „Соочување со нацијата“ на Си-би-ес рече: „Хамас никогаш повеќе нема да владее со Газа. Тоа е целосно неприфатливо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ