сабота, 27 јули 2024

Хамас нападнал илјадници млади луѓе кои биле на фестивал во близина на Газа. Не се знае бројот на загинати (ВИДЕО)

Хамас изврши напад и на забава на отворено во Урим, предградие на градот Офаким во јужен Израел, недалеку од Газа. На забавата присуствувале илјадници млади луѓе. На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како млади луѓе бегаат. Не е познато колку луѓе се убиени и ранети таму.

Објавено на

часот

Сподели

Гили Јоскович била таму кога избило пукањето и со часови се криела во ров за да преживее.

Јас бев прва што го напушти теренот, изјави таа за Би-би-си.

„На некои луѓе им требаа два до три часа за да излезат. Луѓе гинеа по целиот пат. Многу, многу луѓе гинеа на патот. Кој и да се обидеше да побегне, пукаа на него од двете страни“.

Нејзиниот партнер Боаз Порат се сеќава: „Имаше тела лево и десно. Навистина можеше да се види дека терористите вадат луѓе од автомобил и пукаат во нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ