сабота, 27 јули 2024

Хамас: Најмалку 210 загинати во кампот Нусејрат во Појасот Газа

Бројот на загинати во израелскиот бомбашки напад на бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа се искачи на 210, соопштија властите во палестинската енклава. Според Израел, од кампот Нусејрат се ослободени четворица заложници.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Бројот на жртвите на масакрот што го изврши израелскиот окупатор во логорот Нусејрат е 210 маченици и повеќе од 400 ранети“, се вели во соопштението на владината канцеларија на Хамас, во кое не се споменува ослободување на заложниците.

Канцеларијата упати итен апел до меѓународната заедница и меѓународните организации да ја снабдат болницата Ал-Акса со медицински материјали и генератори за да се обезбеди континуирана работа, пренесува Анадолија.

Министерството за здравство во Појасот Газа претходно денеска соопшти дека за време на тешките борби загинале 94 Палестинци, меѓу кои и деца, повеќе од 100 биле ранети.

Покрај логорот Нусејрат, Израел во текот на денот ги бомбардираше и камповите Ал-Магази, Ал-Завајда и Ал-Бураџ, како и околината на Ал-Акса, а палестинската агенција Вафа објави дека жртвите се претежно жени и деца.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради израелскиот напад врз бегалскиот камп во кој загинаа повеќе од 200 Палестинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ