сабота, 15 март 2025

Хамас: Ќе го ослободиме американскиот заложник само ако Израел го прекине огнот

Палестински Хамас денеска соопшти дека ќе ослободи американско-израелски државјанин и телата на уште четворица заложници само доколку Израел го спроведе постоечкиот договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Висок функционер на Хамас изјави дека „долгоочекуваните преговори за втората фаза од прекинот на огнот ќе треба да започнат на денот на ослободувањето и да траат најмногу 50 дена“.

Израел, исто така, ќе мора да престане да го спречува влезот на хуманитарна помош и да се повлече од стратешкиот коридор долж границата на Газа со Египет, додаде тој.

Хамас, исто така, ќе побара ослободување на повеќе палестински затвореници во замена за заложниците, изјави функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен за да може да ги коментира преговорите зад затворени врати, пренесува Асошиејтед прес.

Ајдан Александар, кој пораснал во Њу Џерси, бил киднапиран од воена база за време на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога започна војната, и е последниот американски државјанин заробен во Газа.

Израел изрази сомневање за понудата на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ