сабота, 27 јули 2024

Хамас истрела ракети кон Тел Авив, сирените одекнуваат во градот (ВИДЕО)

За прв пат по четири месеци Хамас истрела ракети врз областа Тел Авив во централниот дел на Израел, пренесува Би-би-си.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку осум ракети биле лансирани од областа Рафа на југот на Газа, пишува Би-би-си, неколку биле пресретнати, соопшти израелската армија.

Во текстот се наведува дека израелската армија изведува воена операција во Рафа, но не е соопштено дали има повредени.

Сирените се огласија и во други градови и населени места, вклучувајќи ги Херцлија и Петах Тиква, пренесува овој медиум.

Службата за итни случаи на Израел, Маген Дејвид Адом, соопшти дека многу луѓе се лекуваат од акутна анксиозност, пишува Би-би-си.

На својот канал Телеграм, како што е наведено, военото крило на Хамас, бригадите Изедин ал-Касам објавија дека извршиле „голем ракетен напад“ врз Тел Авив.

Ракетните напади се случија во време кога израелската армија го засили нападот врз Рафа, пишува овој медиум и покрај пресудата на Меѓународниот суд на правдата оваа недела дека мора веднаш да ја прекине офанзивата во Газа.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека наредбата на Меѓународниот суд на правдата е „срамотна, морално одбивна и одвратна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ