„Ги поканивме сите палестински претставници – сите политички сили кои имаат свои позиции во различни земји, вклучително Сирија и Либан, и други земји во регионот“, изјави Богданов за ТАСС.
Тој додаде дека составот е приближно ист како и на претходните две меѓупалестински средби, односно поканети се 12 до 14 организации.
Според Богданов, целта на Москва е да им помогне на различните палестински сили да се договорат за обединување на своите сили во политичка смисла.
„Поаѓаме од фактот дека Палестинската ослободителна организација беше и останува легитимен претставник на палестинскиот народ, таа беше прифатена и од меѓународната заедница и од нас“, додаде Богданов.