понеделник, 13 мај 2024

Хамас го разгледува предлогот за прекин на огнот: Утре нова рунда преговори во Каиро

Делегација на Хамас утре ќе престојува во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Газа, изјави неименуван функционер за Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека делегацијата ќе разговара за предложениот прекин на огнот што го нудат посредниците и за одговорот на Израел. Во саботата Калил ал-Хаја, висок функционер на Хамас, изјави дека групата го разгледува предлогот на Израел, но не даде детали.

Тој истакна дека понудата на Израел за примирје е одговор на предлогот на Хамас испратен пред две недели. Гардијан наведува дека примирјето, доколку биде склучено, ќе биде претставено како „хуманитарен прекин на огнот“.

Хамас би ги ослободил заложниците во замена за прекин на огнот од неколку недели и ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.

Разговорите се во застој за двете главни прашања, Хамас бара израелските трупи да се повлечат од Газа и да го прекинат конфликтот и детали за бројот и имињата на палестинските затвореници во израелските затвори.

Договорот ќе овозможи ослободување на 33 израелски цивили во замена за неодреден број палестински затвореници, но договорот не вклучува ослободување на војници.

Некои извештаи сугерираат дека Израел покажал подготвеност да направи дополнителни отстапки во иднина, вклучително и повлекување на силите кои го преполовија Појасот Газа и да се дозволи враќање на жителите на север.

Според Гардијан, преговорите меѓу Израел и Египет, земјите кои се договорија за претходен прекин на огнот во Газа во ноември, се интензивираа, додека Катар ги обвини двете страни за саботирање на договорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ