понеделник, 24 март 2025

Хамас ги обвинува САД дека ја искривуваат реалноста тврдејќи дека избрале војна

Палестинското движење Хамас во Појасот Газа денеска го обвини Вашингтон дека ја искривува реалноста со тврдењето дека движењето „избрало војна“ бидејќи Израел во вторникот го прекрши примирјето воведено на 19 јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како одговор на израелското обновување на непријателствата, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Брајан Хјуз во вторникот рече дека „Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да го продолжи примирјето, но избра одбивање и војна“.

„Хамас сноси целосна одговорност за војната и продолжувањето на непријателствата“, изјави портпарол на Стејт департментот.

Хамас рече дека „тврдењето дека ‘Хамас избрал војна наместо ослободување на заложниците’ е искривување на фактите“ и изјави дека „палестинскиот отпор предложи јасни иницијативи за прекин на огнот и сеопфатна размена на затвореници“.

Понатаму се наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ги отфрлил овие иницијативи и намерно ги саботирал во корист на своите политички интереси“, оцени Хамас, наведувајќи ги критиките на Нетанјаху во Израел, особено од семејствата на заложниците кои Хамас се уште ги држи во Газа.

По неколкунеделни несогласувања со Хамас за тоа како да продолжи примирјето, Израел, кој го блокира протокот на хуманитарна помош за Газа од 2 март, во вторникот го прекина примирјето и продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа, испраќајќи копнени трупи во областите евакуирани за време на прекинот на огнот.

Израелската влада сака да го принуди Хамас да ги ослободи заложниците според свои услови и тврди дека воена акција е од суштинско значење за таа цел.

Многу семејства на заложниците, од друга страна, бараат да продолжи примирјето, бидејќи огромно мнозинство заложници беа ослободени за време на прекинот на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ